310
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски утре, четврток 26.01.2023 година, ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на меѓународниот саем АГРО Белград 2023.
Во рамки на посетата министерот Николовски ќе оствари средба со минисерката за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, Јелена Танасковиќ.
МЗШВ преку програмата за поддршка на руралниот развој дава финасиска поддршка за учество и реализација на 50 домашни и 15 меѓународни манифестации, за промоција на македонските земјоделски производи и пијалоци.
На годинешното саемско издание АГРО Белград 2023 учествуваат повеќе домашни компании, преработувачи на овошје, зеленчук и производители на вино.