На Денот на независноста на нашата татковина, стоиме горди за сите наши успеси како држава, исправени пред нови предизвици.29 години по историскиот референдум од 1991 можеме да кажеме дека успеавме – ги исполнуваме стратешките цели поставени уште тој 8-ми септември, вели во својата честитка Љупчо Николовски, од СДСМ.
„Силна, стабилна, слободна, економски напредна македонска држава, признаенена од сите, рамноправен партнер со демократскиот свет.Денеска ја живееме слободата и демократијата на нашата независната татковина како дел од најмоќниот безбедносен сојуз-НАТО, со врати широко отворени за влез во Европската Унија.Тоа е сонот на нашите предци и на градителите, најзаслужни за осамостојувањето на оваа убава земја.Заедничка татковина на сите наши сограѓани, Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци, Власи, Бошњаци, Еѓипќани, на сите етнички заедници.
Македонци со свој, потврден македонски идентитет, кои зборуваат македонски јазик и тоа е признаено од целиот свет.
Особено сум горд што во остварување на овие цели, токму СДСМ е клучната алка, моторот кој ги движи работите напред кон подобро.Ги научивме најдобрите лекции, ги земавме најдобрите примери од минатото и градиме нова, светла иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија!Одлучно, одиме напред и секој нов ден одговорно работиме уште повеќе и уште подобро!
Градиме правна држава со развојна економија, со услови за работа тука, дома, за секој млад човек… држава на среќни и задоволни луѓе.Продолжуваме со храбрата, одлучна и посветена работа да обезбедиме просперитетна држава со силни институции кои им служат и работат во интерес на сите граѓаните!И тоа, бидете убедени, ќе го сториме, повторно ќе успееме.Нека ни е честит 8 септември, Денот на независноста, да живее Република Северна Македонија!“, порача Николовски.