На денешната прес конференција, првиот вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, потенцираше дека се создава Регистар на вистински сопственици кој ќе придонесе во вистинската слика, за тоа кој колку профитира и ќе се спречи евентуална злоупотреба на парите, кои, како што вели Николовски, денес имаат брз тек.
„Со овој регистар на вистински сопственици ќе се додаде уште една алка против корупцијата. Брзото движење на парите, причинува плодна почва за манипулација со истите. Недостатокот од релевантни и навремени информации, односно криењето на истите овозможува ваков криминал. Ако надлежните немаат доволно докази и постапки, остануваат прикриени ваквите ситуации, и го зголемува ваквиот криминал. И Централниот регистар со овој регистар на вистински сопственици, ќе биде вклучен во битката против криминалот. Со спречување на перењето на пари и финансирањето на тероризмот, остануваме на патот на европските вредности согласно сите регулативи. “