123
„Власта намерно доцни со вакцинирањето за корона кризата да продолжи што повеќе, а тие да можат да ловат во матно“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на компанија ФЈ “Инжинеринг” во Тетово.
„За жал Македонија е последна држава во Европа која што почнува со вакцинација, со една многу мала скромна бројка која што беше донирана од Србија и треба да знаат граѓаните дека денеска ќе почне имунизацијата и за два-три дена ќе заврши. Затоа што со овие 4 илјади дози ќе се вакцинираат 2000 луѓе и ќе заврши тука работата. До овој момент, да имавме одговорна власт, а ја немаме, требаше Македонија да има откупено 2 милиони вакцини и милион луѓе да се вакцинираат“, изјави Николоски.