Николовски: Фотоволтаичната централа во Новаци е доказ дека енергетската политика овозможува инвестиции и поволности за граѓаните

од Vladimir Zorba
287 прегледи

„Проектот за фотоволтаичната централа во Новаци влегува во енергетскиот мозак и е доказ дека сите политики, мерки и чекори кои се преземаат овозможуваат услови за вакви сериозни инвестиции и имаат огромно значење за граѓаните“ рече директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски во емисијата „Во живо“ на МТВ.

Тој додаде дека оваа централа значи снабдување со електрична енергија од обновливи извори за над 30 илјади домаќинства и таа ќе произведува над 85 илјади мегават часови чиста енергија.

„Со тоа се придвижува зелената економија, но и се заштитува животната средина“ рече Николовски.

Директорот на Агенцијата за енергетка додаде дека Северна Македонија е држава со изобилие на сончеви денови, но и ветер и вода, работи кои ни овозможуваат да бидеме центар за зелени инвестиции.

Слични содржини