Николовски: Граѓаните ќе имаат каде да пријават неправилности, корупција и злоупотреба

484 прегледи

На денешната прес конференција, вицепремиерот во Владата задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, заедно со премиерот, Заев го презентираше Планот за борба против корупцијата, усвоен на денешната владина седница.

„По однос на системот за следење на предмети, е токму активноста за лансирање на нов систем кој ќе им служи на граѓаните. Со тоа ќе може граѓаните да ги пријавуваат сите случаи. Од една страна, граѓаните ќе имаат уште едно место за пријавување и бранење на своите права, а од друга страна ќе ги принуди административците да работат совесно, и оттаму како што споменавме дигитализацијата ќе ги елиминира ваквите непријатности во рамки на систематизацијата“, посочи Николовски во одговор на новинарско прашање.

Слични содржини