Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е избран за потпретседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тој, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ е избрн на сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа која почна денеска и ќе трае до 28 јануари.
Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка.
„Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото“, се наведува во соопштнието на партијата..
ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн.