Николовски: Ќе се скрати бројот на државни институции за 20 отсто, прво кратење ќе биде во делот на т.н економски директори

од Milan1
3,5K прегледи

Сите сме свесни дека јавната администрација е преобемна и неефикасна, а сите сме свесни дека приватниот сектор веќе има недостаток на работна сила, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашната Топ Тема на Телма, зборувајќи за обемната реформа на јавната администрација која ја најави ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека треба да се намалува бројот на вработени, продолжи Николоски потенцирајќи дека тоа било лошо протолкувано дека ќе имало реваншизам.

-Тоа се работи коишто мораат да се менуваат во корист на приватниот сектор. Ние ако сакаме колку-толку ефикасна држава, мора да се намалува јавниот сектор а да расте приватниот сектор, рече Николовски.

Иако го зголемивме бројот на министерства, нашата идеја е да скратиме 20-на проценти од државните институции и функционерски позиции, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во вечерашната Топ Тема на Телма.

„Точно е дека го скративме бројот на институции во државава за околу 20 проценти и дваесеттина проценти од условно кажано од функционерските позиции“, вели Николоски и додаде:

-Прво кратење ќе биде во делот на т.н економски директори, болниците веќе нема да имаат економски директори, сметаме дека тоа е една од причините за колапсот на здравството. Второ, ќе се укинат по двајца директори на секоја клиника и ќе има само еден директор за цел Клинички центар во Скопје. Трето, ФЗОМ ќе добие еден директор наместо да има двајца, болниците низ државата ќе имаат по еден директор наместо да имаат два директори. Неколку агенции поврзани со министерствата, на пример се формира Министерство за енергетика, Агенцијата за енергетика се укинува, ќе се укине Фондот за иновации, таму ќе има и сериозна истрага, и бројни други институции, рече Николоски.

Николоски појасни дека законот беше поднесен по скратена постапка затоа што предлагачите сметале дека ќе биде нечесно да се именуваат министри, а по половина година нивните ресори да бидат укинати.

Слични содржини