Николовски: Лошо е условувањето од Бугарија, но 90 отсто од проблемите на земјата се домашни

од Nikola Popovski
166 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за Канал 5 зборувал за промените кои треба да се случат во државата, а според него приоритет треба да се стави на водење битка со корупцијата.

„Потребна е влада на национално единство, а треба да има и предвремени парламентарни избори бидејќи Заев, нема капацитет да води битка против корупцијата“, смета Николовски.

Според Николоски, лошо е условувањето од Бугарија, но потенцираше дека 90 отсто од проблемите на земјата се домашните, и оти прво треба да се решат тие, посочувајќи ја корупцијата.

Слични содржини