210
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски информира дека е завршена реконструкцијата на регионалниот пат од Пробиштип до Лесново.
-Зборот е збор! Реализираме уште едно ветување пред граѓаните. Заврши реконструкцијата на регионалниот пат од Пробиштип до Лесново. Проект на кој се чекаше многу години. Македонскиот исток, кој беше еден од најзапоставените региони во минатото, денес станува регион во кој најмногу се гради, се развива и поврзува со сите останати региони, напиша на Фејсбук, Николовски.