Николовски: Масовните протести спречија потпишување на нов договор со Бугарија

од Nikola Popovski
170 прегледи

„Да зависеше од Зоран Заев веројатно одамна ќе имаше потпишано нов договор со Бугарија, многу полош и договор кој што ќе ги срушеше темелите на македонската држава и македонскиот народ. Всушност тој тоа го најави во неговото интервју за БГНЕС некаде во ноември месец, и единствената причина зошто тоа не го направи е бурната реакција на македонската јавност и македонскиот народ“, изјави Александар Николовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното гостување во Македонското радио.

Според него, после тоа интервју се случиле масовни протести по македонските градови и села.

„Дури и во услови на корона луѓето најдоа начин да го изразат своето незадоволство. ВМРО-ДПМНЕ ги повика , најчесто тоа беа протести со автомобили со цел да се заштити здравјето на граѓаните, но и тоа беше една силна порака дека овој договор не може да го потпише. Дополнително на тоа се јави и Македонската академија на науки и уметности, МПЦ, бројни професори лингвисти, историчари итн“, истакнува Николовски

Тој додава дека македонскиот народ треба да остане буден затоа што како што рече тој никогаш не си на чисто со Заев имајќи во предвид дека ги менува ставовите на дневна основа.

Слични содржини