Николовски: На свој трошок со воз отидов во Луксембург и молев да добиеме датум за преговори

од Nikola Popovski
250 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски смета дека октомври не е опција за почеток на преговори со ЕУ.

„Не мислам дека треба да има лажна надеж кај граѓаните, затоа што многу пати тоа се случуваше. Од 2018 година зборувам дека нема да има датум за почеток на преговори со ЕУ. Не сум среќен што сум во право. Сакам мојата држава да иде напред, но власта ги игнорираше сите информации. Никој не ме повика и контактираше да поразговаравме како ги имам овие информациии и што заедно можеме да помогнеме. Следната опција за почеток на преговорите е декември, но и тогаш сум песимист, затоа што пред тоа има претседателски избори во Бугарија“, изјави Николовски за дневникот на ТВ Сител, додавајќи дека на сопствен трошок фатил воз и заминал во Луксембург, каде што ги молел министрите од ЕУ да добиеме датум за преговори.

Слични содржини