„Или гаранции од Брисел и Софија или нема влез на Бугарите во Устав“, е условот што ВМРО-ДПМНЕ го поставува пред меѓународната заедница и пред македонската Влада и со тоа де факто и крева вето „од внатре“ на македонската европската перспектива. Затоа што таков ултиматум да исполни или такви гаранции да даде, не може никој и да сака да го направи тоа.
Нам сега веќе не ни треба Бугарија за да ни ја попречува европската интеграција, таа улога си ја преземаа ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Овој десничарско-левичарски конгломерат ќе му ја „скрои“ судбината на македонскиот народ и ќе го заклучи вечно во предворјето на Европа. Со тоа дефинитивно ќе се реализираат заложбите на Џамбаски, Каракачанов и во поново време на една друга бугарска парламентарна партија „Преродба“, која отворено, на уште неоформена Влада, јавно и гласно се залага за враќање на ветото кон Македонија.
Ако ВМРО-ДПМНЕ опстои докрај на овие позиции, на тој начин, историски гледано во континуитет, ќе се реализираат политиките на Ванчо Михајлов, лидерот на ВМРО во дваесеттите години од 20 век, чиј наследник е Христијан Мицкоски и сегашната ВМРО-ДПМНЕ, кој ја негирал македонската национална посебност и македонскиот јазик како негов елементарен атрибут, а Македонците ги сметал за говеда, затоа што некои од нив не прифаќале да се признаат како Бугари.
Целата колумна на следниот линк!