Николовски: Не постои град или село каде нема да сретнете табла дека некоја инвестиција е реализирана со ИПАРД средства

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Ние сме земја лидер по искористеност на срествата од ИПАРД програмата и тоа ме прави посебно горд. Ако претходно државата морала да плаќа пенали и да враќа пари кои биле ставени на располагање преку ИПАРД програмата, а не биле искористени, сега сме во една обратна ситуација, сега бараме дополнителни средства. Имаме 90% реализација на средствата од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2.335 договори. Не постои град или село во државата каде што денес нема да сретнете табла дека некоја инвестиција е реализирана со средства од ИПАРД програмата, вели во интервју за „Бриф“ министерот за за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Европската комисија, продолжува тој, токму затоа веќе ја усвои и новата финансиска програма за Северна Македонија, која во споредба со ИПАРД 2 е зголемена за 62%, односно со новата ИПАРД 3 програма имаме на располагање 210 милиони евра средства за инвестиции во наредните 7 години.

-Земјоделството денес е еден сектор кој сè повеќе е актуелен за инвестиции и сè повеќе луѓе се одлучуваат да влезат во него и вршејќи земјоделска дејност. Тоа нè охрабрува и како Министерство сме отворени за сите такви инвестиции, кои имаат функција да го развијат и модернизираат македонското земјоделство. Радува и се поголемиот интерес кај младите да се вклучат во земјоделството користејќи го грантот за поддршка на млад земјоделец, но и другите мерки што ги даваме како поддршка за рурална жена, поддршката за малите семејни винарии. Сите овие мерки кои како Министерство сме ги креирале веќе дадоа одлични резултати и токму затоа поддршката кон нив ја продолжуваме и во следната 2023 година, додава тој.

Слични содржини