Николовски: Нема недопирливи функционери, транспарентноста ќе оди до најниско ниво

161 прегледи

„Имавме серија на разрешувања на функционери, кои се однесувале спротивно на кодексот, и затоа велиме нема недопирливи, нашата транапратност оди до најниско ниво. Даваме задолжение на општините задолжително да објавуваат одреден тип на документи, 22 вкупно, ако сакаат да добијат финанска помош за проекти. Едноставно, да не се кријат информациите од граѓаните. Спремаме низа одлуки за кратење на службените трошоци, на дискреционите права на одредени функционери и тоа не го правиме само декларативно, туку носиме одлуки што ќе се применат за да ја ограничиме моќта и да имаме чесни и одговорни политичари.“- изјави Љупчо Николовски, вицепрмиер за борба против корупција, во интервјуто на вестите на телевизија Канал 5.

Дополни дека ќе биде отворен кол центар за пријавување на случаи со корупција за да може државата заедно со граѓаните да направи фронт во борбата против криминалот.

„Да ги охрабриме граѓаните да пријавуваат корупција. Секаде каде ќе детектираме критични точки да интервенираме и граѓаните мора да пријавуваат за да ги јакнеме институцииите и заеднички преку кампања, преку серија мерки и алатки да докажеме дека сме цврсто определени против борбата со корупцијата.“- изјави Николовски.

Слични содржини