Николовски: Нема повеќе да се кријат докази и предмети, така ќе ја вратиме довербата кај граѓаните

166 прегледи

„Ако сите институции се поврзат, ако има постапки и ако покажеме цврста волја за решавање на случаите, без разлика за кого станува збор… кога ќе ги врземе сите, кога ќе нема можност за сокривање на предметите и документите, тоа значи дека решаваме крупен проблем и така ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите. Да имаме едно општество со ред дисиплина и одговорност.“- изјави Љупчо Николовски, вицепрмиер за борба против корупција, во интервјуто на вестите на телевизија Канал 5.

Дополни дека ќе биде отворен кол центар за пријавување на случаи со корупција за да може државата заедно со граѓаните да направи фронт во борбата против криминалот.

„Да ги охрабриме граѓаните да пријавуваат корупција. Секаде каде ќе детектираме критични точки да интервенираме и граѓаните мора да пријавуваат за да ги јакнеме институцииите и заеднички преку кампања, преку серија мерки и алатки да докажеме дека сме цврсто определени против борбата со корупцијата.“- изјави Николовски.

Слични содржини