367
Политичкиот аналитичар, Димитар Николовски во своето гостување во емисијата Клик плус на Телевизија 21 истакна дека нон-пејперот е наменет да се создаде шоу, особено во европската политика кон Балканот.
- Со изјавата на Вархеји и нон-пејперот на Јанша, доколку навистина тој го напишал е да создадат едно шоу, посебно во европската политика кон Балканот, да го намалат уште повеќе кредибилитетот на она што тие го нарекуваат меурот во Брисел. Во тоа и практично успеваат. Брисел делува несериозно и изгубено, истакна Николовски.