Николовски: Оваа година имаме добар квалитет на тутунот и очекуваме минимум 20% зголемување на откупната цена

од Destan Jonuzi
226 прегледи

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски се сретнал со откупувачите на тутун кои го информирале дека се подготвени за навремено започнување на откупот на тутун.

„Пред почеток на откупната сезона одржавме состанок со откупувачите на тутун. Ме информираа дека се подготвени за навремено да започне откупот, со обезбедени средства и подготвени откупни места. Оваа година имаме добар квалитет на тутунот и очекуваме минимум 20% зголемување на откупната цена.“, напиша на својот фејсбук-профил министерот Николовски.

Слични содржини