„Ова е време во кое треба да размислуваме патриотски и државнички. Не требаа да го гледаме само бизнисот и профитот. Неетички е дел од производителите да ги чуваат залихите, тие треба да се пуштат во државата, се што правиме е за да се заштити домашното производство и потрошувачка“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека веднаш штом министерството ги видело бројките и случувањата со извозот на пченица, донела одлука за забрана.
„Забраната за извоз е на иницијатива на Министерството за земјоделие и економија, без никој да алармира или да повика на тоа. Тоа е поради тоа шт оги следиме состојбите и преземаме мерки и политики кои се неопходни“ рече Николовски.
Министерот додаде дека Владата ќе подготви и посебен пакет за поддршка на пролетната сеидба, со цел поддршка на производите кои се сметаат за стратешки.