224
По повод празникот Свети Климент Охридски, генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Љупчо Николовски упати честитка до сите православни верници.
„Во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви го честитам 8-ми Декември, големиот христијански празник – Св. Климент Охридски.
Денеска, му оддаваме почит на основачот на првата Охридска книжевна школа, човекот кој на чие дело и посветеност се раѓа словенската литература, на првиот словенски епископ и втемелувач на Охридската архиепископија – Св. Климент Охридски.
Благодарение на трудот на Св. Климент Охридски кој целиот свој живот го посветил на создавање на македонската и сесловенската литература и писменост, денес, сите сме горди на нашето писмо – кирилицата,составен дел на нашиот македонски идентитет.
Неизмерна почит кон делото на Климент Охридски кое е особено важно за развој на врвните цивилизациски вредности, но истовремено и за создавањето на македонскиот литературен јазик, потврден и признаен во целиот свет.“