Николовски: Со европски мерки и политики до европски образовен систем

од Симе Стоиков

Заедно со поддршката од граѓаните, изминативе седум години постигнавме многу резултати. Мораме и можеме, заедно уште повеќе да направиме. Клучот на успехот на поединецот, но и на општеството е квалитетното образование. Силното образование носи нови перспективи, нови можности и резултати.

,,Оваа определеба беше наш основен столб кога ја носевме Националната стратегија за образование 2018-2025, донесовме стратешки документ како патоказ на реформата која ќе го унапреди образованието во државата. И, водејќи се по истата, знаеме дека воведуваме правилни политики кои позитивно се одразуваат на нашето живеење”, истакна Николовски.

Чекорите кои ги преземавме водеа кон целосна реформа во средното стручно образование со четиригодишно траење, со што стручното образование се искачи на високо ниво, а се става фокус и на инвестирањето во гиманзиското образование, тоа е приоритет кој се исполнува постепено.

Владата предводена од СДСМ и коалицијата се креатори на квалитетни мерки кои имаа силен ефект кон младиот човек, за првпат е воведено кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование, а инвестирано е во регионални центри за стручно образование и обука.

После лошите искуства со екстерното тестирање, одлучно се пристапи кон вистинските мерки за квалитет во образовниот процес преку воведување на државно тестирање кое нема да служи како алатка за деградирање на наставниците, туку алатка врз основа на која ќе се градат идните реформи во образованието.

За силна и прогресивна држава, мора да имаме образовани граѓани.

,,Ветивме инвестирање во нашите наставници и дадениот збор го исполнивме. Го вративме достоинството на професијата наставник. Денес платата на наставниците достигнува околу 40 000 денари, а за првпат по речиси 20 години, конечно наставниците добија регрес за годишен одмор. Наместо стресно ектерно тестирање на учениците и казни на професорите, воведовме државно тестирање кое служи како алатка од која се базираат идните реформи во образованието,” истакна Николовски.

Нашите млади се нашата иднина! Ќе го зголемиме опфатот на Младинска гаранција, кој ќе достигне 35.000 лица.

,,Бесплатен оброк за сите ученици, Владата ќе обезбеди по 750 денари неделно, за сите ученици во основните училишта. Како и бесплатен превоз за сите ученици и студенти, од 1-во одделение до дипломирање. Предвидуваме бесплатни едукативни екскурзии за сите ученици од петто и деветто одделение, и средношколците од четврта година, преку кои ќе ги истражуваат и изучуваат убавините на Македонија и Европа. Ги помагаме родителите пред секој почеток на учебната година, со 50 евра училишен бонус за сите основци и средношколци. Дополнително, поддршка за среќен почеток од 6.000 денари за сите првачиња и 9.000 денари за новите средношколци,” истакна Николовски.

Имаме конкретна програма и јасен план за иднината на европска Македонија. Докажавме дека за нас дадениот збор важи. Имаме план и знаеме како да сработиме уште подобро.

Слични содржини