Се одбележува Денот на полицијата

од Nikola Popovski

Денеска со низа свечености се одбележува 7-ми мај Денот на полицијата. Поради одржување на настанот во периодот од 8 до 18 часот во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим.

За сообраќај ќе биде затворен булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосница со булевар „Србија“ до крстосница со булевар „Февруарски поход“.

На настанот свои обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија. Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици, како и забавна програма со популарни изведувачи после официјалниот дел.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ги издаваат полициските службеници.

Слични содржини