Николовски: Со Законот за потекло на имот ќе се овозможи да се испитува како е стекнат имотот и капиталот

од Andreja Salpe
265 прегледи

Формираната работна група започнува со подготовка на Законот за потекло на имот, што првпат се воведува во нашата држава и со кој го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот, спречуваме оштетување на буџетот и незаконско богатење врз грбот на граѓаните, вели заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Како што соопштија од негоиот кабинет, во интервјуто за магазинот „Капитал“ вели дека работната група е формирана од меѓународни и домашни експерти, како и претставници од сите релевантни институции ДКСК, УЈП, Управата за разузнување, МВР, Јавното Обвинителство, Финансиската полиција, Царинската управа.

Вицепремиерот Николовски во интервјуто наведува дека со поддршка на Советот на Европа веќе е подготвена студијата за потребата од изработка на Закон за потекло на имот.

-Првпат добиваме Закон за потекло на имот, со што ќе се овозможи да се испитува како одредено лице го стекнало имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни одданочени приходи. Законот ќе ги опфати не само избраните и именувани лица, туку и сите граѓани. Конкретно, секој треба да докаже на кој начин го стекнал имотот и капиталот, доколку тоа ги надминува редовните одданочени примања. Ќе се проверува и имотот на поранешните функционери, бидејки честопати избраните и именувани функционери имотот стекнат за време на мандатот го ставаат на туѓо име, на член од семејството или пријател, а по завршувањето на мандатот го впишуваат на свое име, вели вицепремиерот Николовски.

Слични содржини