Николовски: Вакво непочитување на општествени норми, не смее да помине само со санкција од 45 евра

173 прегледи

Владиниот вицепремиер за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, по вчерашното скандалозно влетување со автомобил марка „Бентли“ на скопскиот плоштад, се огласи со свое видување.

Имено, за потсетување сторителот беше казнет со 45 евра, за што Николовски смета дека е недоволна санкција.

„Такво крајно непочитување на општествените норми, какво што видовме од возачот на “бентлито” на скопскиот плоштад, не смее да помине само со казна од 45 евра, 5 илјади пати помала вредност од автомобилот со кој возачот дивееше на снимката.
Ја поздравувам реакцијата на министерот Спасовски и начинот на кој ја информираше јавноста за случајот. Немам сомнеж дека МВР ќе ја заврши својата работа на високо ниво, воедно апелирам сите надлежни институции да покажат правичност. Ова безобразно кршење на редот мора да се плати соодветно. Недопирливи нема и не смее да има!“, посочува Николовски на својот фејсбук профил.

Слични содржини