Николовски за „Рубитон”: Мицкоски ја манипулира јавноста зашто нема став

од Берта Китинска
387 прегледи

Вицепремиерот за задолжен за борба со корупција Љупчо Николовски на седница за пратенички прашања го повика МВР заради „целосно расчистување на маглата, лагите, конструкциите” од опозицијата и да го објави записникот или изјавата од сопственикот на компанијата „Рубитон” во врска со  последната афера што ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ за наводен рекет и фалсификување документи, како и за тендерите во РЕК Битола .

-Договорот со фирмата „Рубитон“ која ископувала јаловина, односно земја во рудникот Суводол е раскинат од страна на РЕК Битола на 7 ноември 2018 година затоа што фирмата не го вршела ископот со динамика и количини предвидени со договорот. За тоа постојат записници и други релевантни дoкументи од стручните служби на РЕК, а вчера беа објавени јавно од компанијата ЕСМ, рече вицепремиерот.

Николовски од собраниската говорница рече дека зад континуираните напади кон РЕК Битола, конкретно за случајот „Рубитон“ се кријат и други причини кои вие од ВМРО-ДПМНЕ дпбро ги знаете.

-Сопствениците на оваа фирма се во блиски родниниси врски со поранешниот директор на РЕК Битола од времето на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Само во периодот од 2015 до 2018 оваа компанија од РЕК Битола има наплатено 6 милиони евра за истата работа. На крај, сите документи поврзани со овој случај се наоѓаат и кај судските инстанции и во РЕК Битола. Јавноста и Мицкоски можат да ги дознаат. Зад целиот овој случај не стои тој што е номиниран од страна на вашиот лидер, туку Александар Јанев, началник во време на техничка влада на ВМРО-ДПМНЕ, поставен од Наќе Чулев, а по налог на Христијан Мицкоски, рече Николовски.

Тој посочи дека  Христијан Мицкоски извртува факти и ја манипулира јавноста зашто нема став, идеја и понуда како да победи на избори.

– Извртува факти и ја манипулира јавноста зашто нема став, идеја и понуда како да победи на избори. Затоа штанца измислици и нема лице да ги каже на прес-конференција, туку на брифинг во скапата палата, рече вицепремиерот Николовски.

Слични содржини