Николовски: За само една година формирани се 60 нови мали семејни винарии

од Destan Jonuzi
340 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска беше во посета на малата семејна винарија “Изворно” во Чашка.

Николовски посочи дека за само една година формирани се 60 нови мали семејни винарии што е показател на успешните мерки што ги превземааат како министерство.

„Поддршката од 10.000 евра за набавка на модерна опрема за производство и пакување на виното ја продолжуваме и оваа година. Со новиот модел за субвенционирање на лозарите покрај основните субвенции како дополнителна субвенција се утврдува поддршката за винското и трпезно грозје.
Ги поддржуваме и промовираме македонските вина. Нашата единствена цел е македонското сортно вино да биде препознатлив печат и бренд низ целиот свет. Тоа и го остваруваме!“, нагласи Николовски.

Слични содржини