Николовски: Задоволни сме од исходот на лидерската средба и од измените на Изборниот законик

од Radmila Tasevska
620 прегледи

Ние сме апсолутно задоволни од исходот на лидерската средба, воедно задоволни сме од усогласените измени на Изборниот законик во рамки на препораките на ОБСЕ и ОДИХР и веќе го имаме како драфт верзија, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, во вечерашното гостување на Сител телевизија.

Тој оцени дека измените на Изборниот законик ќе го подобрат изборниот процес.

– Ние имавме еден логичен аргумент, а тоа е дека најочекувано и најрационално е спојување на претседателските и парламентарните избори со цел Македонија да не биде замрзната во еден период од 5 -6 меесеци и да не се случи целосна блокада на државата, а уште повеќе да не се трошат двапати пари за избори. Нашиот првичен предлог за избори беше токму 8 мај, оти 5 мај е Велигден и тоа беше прифатено и ми е мило што сите на крај сфатија дека ќе беше многу скапо да се оди во два изборни циклуси со мала временска разлика, истакна Николовски.

Во однос на коалицирањето со некоја од албанските политички партии, тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ се стреми кон коалиција со албанската опозиција.

-Доколку власта планира да настапи заеднички, ние секако ќе разговараме со албанската опозиција, а и да не настапи пак наша преференција е албанската опозиција, затоа што ова раководство треба да оди во опозиција. Ако вниматено се следи развојот на настаните СДСМ буквално го моли ДУИ да одат на заеднички листи свеесни за поразот кој ќе им се случи , а исто така можеби несвесни дека токму нискиот рејтинг го имаат поради дејствувањето на ДУИ во Влада, појасни Николовски.

Тој посочи дека во државата со години важи една политика на неказнивост која понатаму води до поголеми трагедии, како убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

-Се работи за лица кои што беа полициски проект добри 6-7 години во Македонија, кои што некаде пред референдумот за името во 2018 година беа создадени како патриотски движења кои што требаше да ја одземат силата на ВМРО-ДПМНЕ, па нели тие беа патриотите, а ние бевме предавниците, тие беа тие кои што се удираа во гради за Македонија, а ние требаше да изгледаме како некои помеки. А, во суштина тоа беа полициски инсталации, полициски структури со дебело криминално досие кои што одработуваа со цел полицијата да не ги казнува. И тоа обично така оди, кога негувате монструм, на крај добивате Франкештајн, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николовски.

Според него, власта на СДС и ДУИ, како што рече, е директно одговорна и дека лицата кои ги извршиле убиствата, бидјеќи претходно не биле казнувани за помали дела.

Николоски додаде дека и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а и тој лично добивале закани од Љупчо Палевски Палчо, но дека полицијата тогаш не преземала ништо.

Слични содржини