Николовски: Заев имаше четири шанси да почне преговори со ЕУ

од Andreja Salpe
281 прегледи

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само интервју” на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во земјата,  лошите владини политики, како и на криминалните афери кои власта ги креира на дневно ниво.

– ВМРО-ДПМНЕ неколку пати предупредуваше дека работите не се толку едноставни како што Зоран Заев мисли, иако тој мислеше дека датумот веќе му е во џебот и се сликаше во авионот заедно со уште неколку негови соработници. Таа празна флоскула за датумот траеше од 2019 година, па дури и порано од тоа, а сега сме веќе 2021 година. Зоран Заев имаше четири шанси да почне преговори и да го продолжи патот на Македонија кон ЕУ, но наместо тоа државата само стагнира и е далеку од ЕУ од било кога во минатото, истакна Николоски.

Слични содржини