Легендарниот актер Џек Николсон е виден за прв пат по 18 месеци. Тој бил забележан од папараците додека се релаксирал на балконот од својата палата на познатиот Mullholland Drive во Беверли Хилс, пишува „Daily Mail“.
Трикратниот оскаровец изгледаше прилично лошо, а неодамна некои од неговите пријатели изразија загриженост дека тој ќе умре сосема сам бидејќи актерот стана изолиран и целосно напуштен – слично како неговиот поранешен колега актер и сосед Марлон Брандо.
Николсон последен пат беше виден во октомври 2021 година кога присуствуваше на кошаркарски натпревар на ЛА Лејкерс со неговиот син Реј. 31-годишниот Реј, кој неверојатно наликува на неговиот славен татко, е еден од ретките луѓе со кои актерот сè уште е во контакт.
Николсон се опушташе на својот балкон во стуткана портокалова маичка и долни тренерки, со разбушавена коса и отсутни очи.
Jack Nicholson, 85, looks disheveled on LA balcony as he's seen for first time in TWO YEARS https://t.co/4Vi5pykFoE pic.twitter.com/EnJCDOMbSN
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 13, 2023
Неговата куќа е како замок од кој никогаш не излегува“, изјави неодамна неименуван пријател. „Луѓето би сакале тој да излезе барем малку за да видат дали е добро. Тој е во контакт само со неколку блиски роднини и неговиот син Реј, но неговите денови за дружење се зад него“.
Последен пат се појави на големото платно во 2010 година, кога глумеше во филмот „How Do You Know“ заедно со Овен Вилсон и Рис Витерспун.
После тоа повеќе не глумеше затоа што, наводно, се бори со деменција и не може да се сети на текстот.
Во јануари, неименуван негов пријател изјавил дека актерот е во солидна физичка состојба, но дека психички се распаднал.
Но, набргу по таа изјава се јави водителот на Fox News, Бил О’Рајли и рече дека наводите за лошото психичко здравје на Николсон се глупости и дека тој неодамна го посетил и имал долг разговор со него.
„Долго разговаравме и ми постави многу интересни прашања. Ние сме пријатели со децении. Па, тој има 85 години! Но, психички тој е во многу подобра состојба од претседателот на САД“, изјави О’Рајли.
Инаку, во времето на својата најголема слава, Николсон беше познат како неуморно журкаџија, а кога не беше на филмскиот сет, деновите и ноќите ги поминуваше забавувајќи се со многу алкохол и дрога.