248
„Потребен е пописот, но се базира на погрешни основи. Треба да се попише само резидентното население и ништо друго. Ние ако попишуваме се, може да излезе дека имаме 3 милиони луѓе“, вели политичкиот аналитичар, Ристо Никовски за емисијата „Само вистина“.
Според него, се е тоа грешно и договор кој не соодветствува на потребите на државата.
„Кај нас пописот не може да биде само статистичка операција, бидејќи од резултатите зависи позицијата на еден дел од населението кон законите, Уставот итн. Тој има нагласена политичка димензија и тоа мора да се земе во обзир. Опозицијата сфати дека бојкотот ќе биде голема грешка, затоа што Македонците може да испаднат многу помалку“, смета Никовски.