„Никој не знае што се случуваше зад затворени врати“: Објавен ТРЕЈЛЕРОТ за документарецот за Хари и Меган

од Stefanija Kuzmanovska
519 прегледи

Бомбастичниот трејлер за новиот документарец на Нетфликс кој ја раскажува приказната за војводата и војвотката од Сасекс беше објавен вчера и трае цела минута и 12 секунди. За тоа кратко време публиката е веќе воодушевена, а многумина нетрпеливо ја чекаат првата епизода која ќе се прикажува следниот четврток.

Сцената од трејлерот која остави најсилен впечаток кај гледачите е црно-белата фотографија на која се гледаат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во крупен кадар, веднаш до кралот Чарлс и Камила.

Фотографијата е направена за време на службата за Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија во 2019 година, а она што веднаш привлекува внимание е „каменото“ лице на актуелната принцеза од Велс.

Од особен интерес е што непосредно пред да се прикаже оваа фотографија, се слуша гласот на принцот Хари кој вели:

„Никој не знае што се случуваше зад затворени врати“.

Оваа сцена ги „запали“ социјалните мрежи ширум Велика Британија, но и цела Европа, а сето тоа поради изразеното нерасположено лице на Кејт Мидлтон. Јавноста имаше можност да ја види со стоички, дистанцирн израз на лицето, но никогаш со ваков израз кој се граничи со отворено непријателство.

„Очигледно се обидуваат да ја прикажат Кејт како негативец“, „Упс, ова е отворена објава на војна“, „Кејт има лице што ја содржи целата омраза на светот“, „Можеш да ја видиш болната омраза на нејзиното лице“, „Отсекогаш сум била против Меган, но ова лице на Кејт навистина ме плаши“, „Сурова употреба на оваа фотографија со цел да се создаде непријателство“, „Не ни знаев дека Кејт е способна за такво изразување“, се само дел од морето слични коментари.

Слични содржини