Нилскиот коњ на Пабло Ескобар почина откако во него удри автомобил

од Vladimir Zorba

Нилскиот коњ кој му припаѓал на нарко-босот Пабло Ескобар починал во Колумбија откако бил удрен од автомобил, соопштија колумбиските власти.

Нилскиот коњ починал на местото на настанот, додека лицето во автомобил добило медицинска помош од итната помош, по судир на патот меѓу Меделин и колумбиската престолнина Богота во вторникот вечерта.

Официјалните лица рекоа дека „ситуациите како оваа потврдуваат дека присуството на нилски коњи во регионот е еколошки и социјален проблем, кој бара меѓуинституционална артикулација во потрага по сеопфатни, длабински и навремени решенија“.

Во 1980-тите, Ескобар незаконски увезувал нилски коњи во Колумбија како дел од колекцијата егзотични животни што ги собирал на својот ранч на околу 250 километри од Меделин, пренесува Си-Ен-Ен.

По неговата смрт во 1993 година, властите ги преселиле повеќето животни, но не и нилските коњи бидејќи биле премногу тешки за транспорт.

Слични содржини