Нинтендо ја тужи американската влада

Нинтендо се придружи на растечкиот број компании кои поднесоа тужби против американската влада за царини за кои тврдат дека негативно влијаеле врз нивниот бизнис.

од Кристијан Димков
8 прегледи Јутјуб/Принтскрин/Afraz Explores

Поточно, тужбата ја поднесе американската филијала на Нинтендо, која бара надомест на трошоците настанати поради царините кои Врховниот суд на САД ги прогласи за неовластени на 20 февруари.

Иако спорот околу царините сè уште е далеку од завршен, голем број на компании, како и одредени американски држави, одлучија да поведат судска постапка против администрацијата на Доналд Трамп.

Нинтендо, како производител и продавач на конзоли произведени надвор од САД, беше особено погодена од овие мерки, и токму ова беше годината кога беше објавена новата конзола Switch 2, објавува HCL.

Иако компанијата не ја зголеми цената на конзолата, не успеа да го задржи својот статус на најпродавана конзола на американскиот пазар за време на последната празнична сезона.