Како што откриваат добро упатени извори, одлуката на Анџелина Џоли на доделување на Governors Awards да го донесе својот најмлад син Нокс, кому ова му беше едно од ретките јавни настапи, била добро осмислена. Овој чекор го изненади дури и Бред Пит, кој не знаеше ништо за тоа. Но, и онака не е информиран за речиси ништо поврзано со децата и неговата поранешна сопруга.
Одлуката на Анџелина да го донесе Нокс е дел од нејзиниот план да ги користи сопствените деца на јавни излегувања за „да му влезе под кожа на поранешниот сопруг“.
Зборувајќи за Дејли Меил, извор рече дека на Бред Пит нејзиното појавување со Нокс е „сомнителен“ бидејќи сето тоа доаѓа во време на нивната битка за разводот и „Миравал“.
„Бред може да ги види своите деца само кога ќе се појават на црвениот тепих со нивната мајка, а сето тоа е внимателно испланирано со оглед на тоа што штотуку е одлучено тој и Енџи да се сретнат на суд“, додал изворот, алудирајќи на откриената информација дека ќе следната година, поранешните сопружници ќе се сретнат на суд во т.н „Розе војна“, онаа за лозјето и замокот „Миравал“.
„Таа се обидува да му влезе под кожа по неговата неодамнешна победа на суд и користењето на Нокс за сето ова е необично. Нокс не сака да има никаква врска со Холивуд и нема никаква комуникација со Бред долго време“, рекол изворот и додал:
„Секако, му пречи што Анџелина ги сврте децата против него. Тоа го прави уште од мали нозе и немале шанса сами да одлучат каков однос сакаат со татко им. Бред сè уште верува дека децата на крајот ќе се вратат во неговиот живот“.
Друг извор тврди дека доаѓањето на црвениот тепих всушност било желба на Нокс и дека тој инсистирал да ја поддржи мајка си на оваа награда. Нивната одлука да се појават заедно немало никаква врска со Бред.