405
Пејачката и актерка Џенифер Лопез неодамна беше запросена од старата љубов, актерот Бен Афлек, а овој вљубен пар е под будното око на јавноста откако ја обновија врската.
Тие двајца не ја кријат својата љубов последнава година, а често се опуштаат и во јавноста.
Имено, Џенифер, нејзиниот син Макс и вереникот Бен биле фатени во семејна идила по вечерата во мексикански ресторан во Лос Анџелес. И овој пат љубовта ја покажаа пред папараците кои тоа го забележаа.
Не им пречело тоа што таму бил нејзиниот син Макс, туку се препуштиле на страстите.
Џенифер има две деца, Афлек три и се чини дека ги вклучиле во врската.
Да потсетиме, актерот ја запроси Џенифер со дијамантски прстен во зелена боја.