Не само Москва, Софија и Белград одбија да учествуваат во историската средба: православните цркви се испокарани и сеправославниот собор ќе премине под сенката на конфликти. Притоа подготовките течат веќе над 50 години-анализира DW.
Меѓу големите и малите православни цркви од векови наваму врие задкулисна борба за влијание. Нешто што се гледа јасно и од конфликтот околу првиот сеправославен собор, кој ќе започне по неколку дена во Колимбари на островот Крит. “Тоа покажува колку длабок е јазот меѓу 14-те автокефални цркви”, вели грчкиот теолог Танасис Папатанасиу. Аналитичари дури зборуваат за “студената војна на црквите” меѓу повеќе либералните струи во Православието, изразувањето од Вселенскиот патријарх во Константинопол, и антилибералните тенденции на Москва. Ова е спор, кој доби дополнителна острина покрај секуларниот конфликт меѓу Русија и Западот.
Руската патријаршија, која е најголемата православна црква во светот, како и црквите на Бугарија, Србија, Грузија и Патријаршијата на Антиохија веќе одбија да учествуваат во соборот, подготовката за кој тече веќе над 50 години. Руската црква најави дека имало ризик соборот да подели Православието наместо да го обедини. Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој официјално се води како поглавар на околу 300 милиони православни христијани, но де факто има ограничена моќ, планира да учествува на средбата, која ќе се отвори на 19 јуни.
Швајцарскиот Парламент гласаше за повлекување на барањето за членство во ЕУ
За што се караат?
Уште во месец мај имаше несогласувања во врска со распределбата на местата за делегатите на одделните цркви. На пример словенските православни цркви изразија несогласување со местото што беше определено на Вселенскиот патријарх од грчко јазичните цркви. Предмет на незадоволство беше и фактот дека не сите 700 православни архиереи ќе можат да учествуваат во Соборот, туку само 14 делегации со максимално 25 делегати. Притоа секоја делегација ќе има право само на еден глас, а одлуките ќе се донесуваат со целосна едногласност. На овој начин помалите православни цркви сепак добиваат поголема тежина од поголемите, од кои една е Руската која обединува над 100 милиони православни христијани.
Дел од овие приговори се оправдани, но претставниците на автокефална црква, кои одбија учество во Соборот, треба да се запрашаат зошто првично се беа согласиле со проект плановите и зошто изразија противењата со толку големо задоцнување.
Друго основно контроверзно прашање е т.н.. екуменското движење – за единство меѓу различните христијански цркви. Во ова решение меѓу другото се вели: “Освен Светата Православна црква не постојат други цркви, туку само ереси и расколи, и да се нарекуваат последните” цркви “е богословски, догматски и канонски целосно погрешно.”
“Жално е што претставниците на Православието не сакаат да седнат на заедничка маса за преговори, за да дискутираат за некои нерешени прашања”, вели Танасис Папатанасиу. Тој тврди дека помесните Цркви често водат меѓу себе нешто како конкуренција. “Во некои случаи се борат за власт, за превласт над останатите, а понекогаш станува збор дури и за националните интереси”, нагласува тој.
Папатанасиу го критикува фактот дека православните заедници биле релативно доцна информирани за спроведување на Соборот, но сепак е убеден дека неговото евентуално одбивање или одложување би претставувал фатален сигнал за единството на Православието: “И во минатото се одржувале Собори, во кои не учествувале сите православни цркви “, вели теологот на адреса на оние кои тврдат дека не може да се одржи сеправославен средба, во случај ако не учествуваат сите самостојни православни цркви.
Според Папатанасиу, најважно е да се оствари дијалог за суштинските прашања на нашето време, односно по оние прашања кои занимаваат како православните заедници, така и поединци. “За почеток би било добро Православието да почне повторно да мисли и да дејствува како едно интегрална целина. Подготвеноста за дијалог би требало да е највисокиот приоритет. Освен тоа Соборот би требало да се спротивстави на оној вид” внатрешно-православен фундаментализам “, кој жестоко отфрла секаков дијалог со останатите христијански цркви “, вели Папатанасиу. Тој очекува сеправославниот собор да ги продлабочи и прошири најдобрите контакти со католичките и протестантски цркви, како и да даде шанса за создавање на постојан синод на сите православни цркви, кој ќе се среќава еднаш годишно.
Првите обиди да се свика сеправославен собор датираат од 1960-те години. Уште во тоа време биле одредени некои сфери, кои ќе станат предмет на дискусии во Крит. Во денешно време, сепак има веќе нови прашања кои чекаат решение – на пример поврзани со биоетиката или со интернетот. За жал средбата нема да може да одвои доволно внимание на сличени теми поради тоа што Соборот ќе биде принуден интензивно да се занимава со работи “, кои би требало да се одамна разјаснети” – како потребата од дијалог на довербата.
Собор за пример
Грчкиот теолог е на мислење дека Вториот Ватикански Собор одржан пред речиси 50 години, би можел да послужи како пример за сеправославен собор во Крит, иако меѓу двата форумот има значителни разлики.
“Подготовките во пресрет на Ватикански собор биле примерни. Материјалите на Соборот биле објавени пред и по носењето на соодветните одлуки. А сега, за жал, е премногу тешко да се откријат некои од предвидените документи на сеправославниот собор”, наведува грчкиот теолог. Тој додава дека освен тоа за време на Ватикански собор биле претставени за дискусија некои алтернативни или нови теолошки трендови, додека на сеправославниот собор “за жал мирјаните и претежно жените воопшто нема да бидат претставени”.
Премногу слабо претставени, според него, се и оние црковни сили кои сакаат да се префрли мост кон останатите христијански цркви – а тоа се сили кои би требало да најдат постојано место во структурата на православните цркви.

