149
Европската Унија и АстраЗенека не успеаја да направат напредок во разговорите за одложената испорака на вакцини против коронавирус, изјави вечерва европската комесарка за здравство, Стела Киркјакидес.
„Жал ни е за континуираниот недостаток на јасен план за испорака“, рече Киркјакидес во објавата на Твитер.
Таа посочи дека ЕУ бара од АстраЗенека јасен план за брза испорака на дозите што блокот ги резервирал за првиот квартал од оваа година, пренесува Ројтерс.
ЕУ врши притисок врз АстраЗенека да испорача повеќе дози од својата вакцина од фабриките во Европа и Велика Британија, откако компанијата објави дека ќе има одложување, што би го нарушило планот на ЕУ за имунизација.