Холивудскиот актер Џим Кери го објави своето ново уметничко дело, исмејувајќи ја Меланија Трамп, што доведе до различни реакции на Твитер, но и осуда до јавноста.
Кери го објави своето дело на денот на инаугурацијата, пишувајќи: „Збогум, најлоша прва дама. Се надевам дека спогодбата може да ви го финансира животот. Ви благодарам за ништо“.
Некои корисници на Твитер го поддржаа Кери, додека други не беа толку воодушевени од објавата.
— Jim Carrey (@JimCarrey) January 22, 2021
„Џим Кери има неверојатно око кон уметноста. Тој навистина ја забележува нејзината суштина во овој дел “, се наведува во еден од коментарите, пишува Инсајдер.
Други не се согласија и сметаа дека објавата е невкусна и сексистичка.
„Ужасно е да се нападне првата дама која ја заврши својата работа благодатно и достоинствено, а не доби ништо освен критика. Срамота е што ниту една друга жена не ја бранеше оваа жена поради неоснованите напади“, било наведено во друг коментар.