176
Nissan е основан на 26 декември 1933 година, па следната недела оваа јапонска компанија ќе го прослави својот 90-ти роденден.
По тој повод во Јапонија беше лансирана колекцијата „90th Anniversary“ составена од пет модели. Станува збор за електричниот кеи автомобил Sakura, електричниот хечбек Leaf, хибридните возила Note и Note Aura, како и миниванот Serena.
Сите овие автомобили се карактеризираат со бакарни и црни акценти на каросеријата, заедно со темни тркала и внатрешни украси во бакарна боја.
Nissan нуди и налепници за хаубата како опција, а може да се нарачаат и патосници со натпис „90th Anniversary“, како и други детали како специјални рамки за регистарски таблички.