Nissan Max-Out Concept (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Nissan неодамна со кратко соопштение потврди дека на 2-ри февруари ќе претстави нов концепт автомобил, најавувајќи „кога виртуелниот ќе стане физички“.

Автомобилот сега е официјално претставен, а тоа е физичка верзија на концептот Max-Out, кој беше прикажан во ноември 2021 година само како дигитален концепт.

Nissan ја опишува оваа студија како визија за возбудлива мобилност без штетни емисии на гасови. Nissan Max-Out Concept е кабриолет со низок центар на гравитација кој има за цел да обезбеди ново возачко искуство со својата супериорна стабилност и удобност.

Како што се истакнува во соопштението за печатот, како симбол на пристапот на Nissan кон дизајнот на јапонскиот футуризам, Max-Out има форма на чисти линии и осветлени елементи за поддршка и подобрување на чувството за движење и технологија на возилото.

Создавањето на Max-Out во реалниот свет ја сигнализира обновената посветеност на Nissan кон спортските автомобили, во услови на притисок на компанијата кон електрификација.

Внатрешноста се истакнува со широк дигитален дисплеј способен за мултитаскинг, додека нетрадиционалниот волан и недостатокот на педали навестуваат автономни способности.

Сепак, Nissan не објави никакви детали во врска со погонската група или перформансите.

Слични содржини