Пеејќи “Џабе ти е аболиција, затвор не ти бега Никола” граѓаните пристигнаа пред Собранието. Дождот не го намали нивниот револт. Денска на протестите им се придружија и претставниците на Сојузот на борците.
Пеејќи “Џабе ти е аболиција, затвор не ти бега Никола” стигнаа пред Собранието #протестирам #п #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/HYZQl1JQYh
— META.mk (@meta_agency) April 25, 2016
Инаку, веста за ослободувањето на членовите на партијата Левица Здравко Савески и Владимир Куновски кои денеска беа приведени поради учество во толпа за време на демолирање на Канцеларијата на Иванов, демонстрантите ја примија со аплаузи.


