Многумина од нас веруваат дека популарните личности не се како обичните луѓе само поради тоа што имаат повеќе слава и пари. Но, вистината не е баш таква.
Всушност, некои од нив имаат некакви навики и опсесивни нарушувања од кои на обичните луѓе би останале вчудоневидени.
Ова се само дел од нив:
Бред Пит е „скаран“ со тушот
Многу од неговите колеги потврдиле дека Бред не е некој со кого сакаат да снимаат блиски сцени. Не е дека тој никогаш не се капе, туку тоа го прави поретко од останатите и често мириса на пот.
Оливија Вајлд грицка нокти
Оваа навика е тешка за надминување, како кај обичните луѓе, така и кај славните. Исто така, уште една позната личност која грицка нокти е и Бритни Спирс.
Кејти Пери мие заби пречесто
Кејти Пери е опседната со оралната хигиена, а нејзините блиски тврдат дека ги мие забите најмалку шест пати во денот.
Дејвид Бекам има опсесивно-компулсивно нарушување
Бекам е само еден од многуте луѓе кои страдаат од опсесивно-компулсивното нарушување и мрази кога нештата не се во парен број.
Софија Вергара е зависник од кафе
Софија Вергара пие премногу кафе и често го надминува препорачаниот дневен внес на кофеин.
Еминем сака темница
Раперот не може вистински да се одмори ако во собата во која спие има и најмал извор на светлина. Кога е на турнеја, тоа е единственото негово специјално барање, сместувачките капацитети да се погрижат во неговата соба да биде апсолутно темно.
Лејди Гага верува во духови
Пејачката е љубител на надреалното и паранормалното. Таа не се сомнева дека духови постојат и ништо не може да ја разубеди во тоа.
Памела Андерсон мрази огледала
Речиси е неверојатно икона како Памела никогаш да не сака да се погледне во огледало, а се верува дека ваквата навика потекнува од нејзината несигурност поради изгледот кога била тинејџерка. Но, таа тврди дека страда од фобија од рефлексии.
Бритни Спирс сака брза храна
Бритни е позната по тоа што јаде премногу брза храна, до степен на прејадување поради големите количини.