НИТУ СЕКС, НИТУ ПАРИ: Кој е клучниот проблем во денешните врски?

од Vladimir Zorba
324 прегледи

Во Америка стапката на разводи се зголеми на 40 проценти, но тоа не е крај на приказната! Врз основа на резултатите од истражувањето, дури 60 проценти од луѓето кои се во врска не се задоволни со истата. Некои од најчестите проблеми што се јавуваат во врските се поврзани со парите, лошиот секс и со семејството, но еден друг проблем е пред сите.

Верувале или не, ова се паметните телефони. Дали вашиот партнер без престан гледа во телефонот? Истражувањата велат дека луѓето ги проверуваат своите паметни телефони на секои шест и пол минути, или грубо 150 пати на ден.

Партнерите кои не можат без својот телефон, секогаш го ставаат телефонот на видливо место и го имаат при рака, а токму тоа носи конфликти во врската. Истражувањата покажуваат дека кога едниот партнер постојано го користи телефонот, задоволството во врската драстично опаѓа, а другиот партнер станува депресивен.

Ова е исто така логично бидејќи другата страна се чувствува несигурна и помалку важна. Кога еден од партнерите придава толку големо значење на телефонот, тоа е и очекуваниот исход.

Ако и вие имате проблем за кој научниците велат дека е пред сите други денес, обидете се да разговарате со вашиот партнер за тоа и да го решите.

Слични содржини