Њу Јоршките ловци на ѓубре

од desk3
102 прегледи

Ноќе тие ги индексираат улиците на Њујорк, чепкаат во контејнерите и собираат остатоци од храна. Се нарекуваат себеси “Freegans”. Кои се овие луѓе? Што ги тера да живеат како клошари меѓу отпадот на големиот град?


Марта истражува во грамада црни вреќи крај луксузниот “Time Warner Center” во Њујорк. Неодамна таму беше продаден еден стан на последниот кат од зградата за 42 милиони долари (38,3 млн евра). Марта е радосна, дека во една од вреќи со ѓубре има неотворени пакети со книжни салфетки. На салфетки се прикажани мотиви за “Хелоувин”, кој се слави во ноември. Салфетки сепак може да се користат како подлога за колачите кои Марта ги продава за да спечали малку пари. За таа цел тие се само идеални, смета таа.

Вторник е. Часот е 21 и 30. куп кеси со ѓубре пред една аптека е првата станица на “собирачката акција”, организирана од групата активисти, кои се нарекуваат себеси Freegans – од комбинацијата на “free” (слободни) и “vegans” (вегани , а во слободен превод исто и луѓе кои ги отфрлаат немилосрдните “употреби” на животните).

Стратегија против системот

Како и каде можат да се најдат уште погодни за јадење прехранбени производи во отпадот, исфрлени од општеството?

За таа цел Freegans се “потопуваат во ѓубрето”. Станува збор едноставно за тоа како бесплатно да се здобиеме со прехранбени производи, велат приврзаниците на Freegans, станува збор за една стратегија насочена против системот. “Зарем е редно луѓето да исфрлаат целосно задржана храна?” – Прашува организаторкатта на групата Џенет Кели. Пред да одржат уште една акција за пребарување на прехранбени производи во контејнерите Freegans шират флаери, на кои пишува: “Производството на прехранбени производи, кои ги консумираме, е причина за страшните експериментит со животни, за енормно трошење на вода и за загадувањето на животната средина со отровни хемикалии “.


Freegans се противат на рекламите, кои со трик мамат да купуваме стоки, кои всушност не се потребни, да трошиме пари, иако парите не ни стигнуваат, да завидуваме на другите заради тоа што самите ние не поседуваме, и да фрламе толку многу нешта кои всушност се погодни за употреба.
Има ли алтернативи на капитализмот?

Ако го исклучиме ли идеализмот, “нуркањето во контејнерите” е релативно неромантична работа. Да ја земеме за пример собирачката акција крај еден луксузен супермаркет. 31-годишниот Бенџамин, професор на колеџ, отвора кеса со ѓубре и од неа го чувтсвува непријатниот мирис на расипано. “Прилично одвратно, тоа е чисто ѓубре”, вели тој и ја затвора вреќата.

“Заинтересиран сум тоа дали има алтернативни модели на капитализмот и на потрошувачката култура”, вели тој. На Инернет го открил сајтот на Freegans и читал за акцијата . “Њујорк е исклучително скап град – не само што се однесува до храната, туку и до кириите. Нуркањето во котејнерите ви помага да се намалат трошоците “, вели Бенџамин.

За едните – луксуз, за ​​другите – отпад

Луѓе со ниски и средни плати се потешко можат да си дозволат да живеат во Њујорк. Додека неколкумина живеат во луксуз и произведуваат тони ѓубре, мнозинството тешко заработуваат толку, за да може воопшто да преживеат. Тоа го храни феноменот “нуркање во контејнери” во Њујорк. Во други американски држави како Сан Франциско, Сиетл, Вашингтон и Чикаго ситуацијата е слична.

Истражување на американското Министерство за земјоделството од 2014 година покажа дека САД исфрлаат 31 отсто од прехранбените производи. Само Њујорк произведува 14 милиони тони отпад годишно. Луѓето го сфаќаат тоа и создаваат програми за спречување на непотребното и ограничување на ѓубрето.

Амбициозната цел е до 2030 година градот да го намали фрлањето ѓубре со 90 отсто во споредба со 2005 година. Градската управа започна за целта над 200 иницијативи, на пример просветни кампањи против екстраваганција на прехранбени производи, употребата на пластични кеси и др.

Марија дознала за групата Freegans од свои пријатели. 25-годишната учителка од Уругвај е на посета во Њујорк и за прв пат учествува во “нуркање во контејнери”. “Кога ми кажаа за тоа, не можев да поверувам. Во Уругвај е сосема друго. Нема толку многу ѓубре и луѓето не исфрлаат само така различни нешта. ”

Според податоците на ОН, потрошувачите во богатите земји годишно исфрлаат речиси толку прехранбени производи, колку Уругвај што произведува годишно. Марија сакала со очите да го види она за што и раскажуваа нејзини пријатели. “Има нешто болно во начинот на кој функционираат работите тука”, вели таа. Барем во Њујорк очигледно сепак се реализира проблемот со ѓубрето и особено со расфрла на прехранбени производи. “Се надевам некој ден да нема веќе потреба да барам низ контејнерите, бидејќи нема да има и ѓубре – тогаш светот ќе биде совршен, а распределбата на храната нема да зависи само од профитот – тоа би било прекрасно!”, вели Џенет Кели .