Њујорк најбогат град во светот

од Vladimir Zorba
958 прегледи

Њујорк е најбогатиот град во светот, во кој моментално живеат 359 илјади милионери и 60 милијардери, покажуваат најновите истражувања на лондонската агенција Henley Henley & Partners и јужноафриканската фирма New World Wealth.

Во последните десет години, бројот на милионери во Њујорк пораснал за 48 отсто, а нивното вкупно богатство сега изнесува повеќе од три трилиони американски долари, што е повеќе од бруто домашниот производ (БДП) на земји како Бразил, Италија или Канада, пренесува CNBC.

На второ место е Сан Франциско и целата област на тамошниот залив, каде популацијата на милионери во последната деценија пораснала за 82 отсто на 305,7 илјади, а оваа област води по бројот на милијардери, со 68.

Соединетите Американски Држави (САД) предничат по бројот на богати градови, бидејќи 11 од 50-те најбогати градови во светот се наоѓаат во таа земја.

На трето место е Токио со 298,3 илјади милионери и 14 милијардери.

Во првите десет влегоа и Сингапур, Лондон, Лос Анџелес, Париз, Сиднеј, Хонг Конг и Пекинг.

Претставник на Кина за прв пат се најде на листата на десетте најбогати градови во светот, откако бројот на милионери во Пекинг се зголеми за 90 отсто во последната деценија на 125,6 илјади.

Француски Фигаро привлекува внимание на фактот дека во Париз и во целиот париски регион „Ил де Франс“ се регистрирани 165.000 милионери и 23 милијардери, што теоретски значи дека секој 74 жители на таа област е милионер.

Шармот на француската ривиера сè уште постои, бидејќи повеќе од 25 илјади милионери, меѓу кои девет милијардери, се населиле во крајбрежниот појас помеѓу Ница и градот Езе.

Ако се погледне само Европа, на листата на најбогати градови високо оценети се и Милано, Франкфурт, Цирих и Женева.

Слични содржини