Њујоршкиот градоначалник ја откажа посетата на јужната граница од безбедносни причини

Откажаното патување на Адамс доаѓа во време кога Њујорк се соочува со сопствени предизвици во наоѓањето дом за бранот мигранти во градот.

од Бети Божиноска
151 прегледи

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, го откажа вчера очекуваното патување на американско-мексиканската граница поради зголемената загриженост за безбедноста, потврди неговата канцеларија за „Хил“.

Адамс се очекуваше да ја посети границата меѓу САД и Мексико во саботата за да ги посети Браунсвил и Мекален, Тексас, каде што имаше планирани средби со хуманитарните лидери. Тој беше поканет од сестра Норма Пиментал, извршен директор на Католичката добротворна организација на Рио Гранде.

„Како што се приближува крајот на Великиот пост, нашиот тим беше возбуден да застане со вера покрај хуманитарните лидери кои ги посветија своите животи за да им служат на најсиромашните меѓу нас и бевме желни да разговараме за нашата работа во Њујорк и да истражиме нови начини за соработка со лидерите во градовите низ целата земја“, напиша портпаролот на градското собрание на Њујорк до Хил.

„Но, поради загриженоста за безбедноста во еден од градовите што требаше да ги посетиме во Мексико, означен од Стејт департментот на САД, решивме да ја паузираме оваа посета во овој момент“, продолжи портпаролот.

Не е јасно што ја поттикнало оваа загриженост.

Откажаното патување доаѓа во време кога Њујорк се соочува со сопствени предизвици во наоѓањето дом за бранот мигранти во градот. Адамс беше еден од градоначалниците кои алармираа на потребата од повеќе ресурси за справување со напливот од мигранти.

Њујорк беше еден од градовите предводени од демократите таргетирани од тексашкиот гувернет Грег Абот, кој испрати голем број автобуси преполни азиланти во знак на протест против миграциските политики на администрацијата на претседателот Џо Бајден.

‘Големото јаболко’ е во вонредна состојба од октомври 2022 година во екот на хуманитарната криза без преседан. Од пролетта 2022 година, повеќе од 184.000 мигранти дојдоа во Љујорк во потрага по помош.

„Повеќе од 120.000 од нив веќе го направија следниот чекор на својот пат кон самоодржливост благодарение на нашата напорна работа. За наоѓање решенија за националните проблеми е потребна национална соработка,“ истакна портпаролот на Градското собрание на Њујорк.

Претходно во јануари, Адамс го посети Ел Пасо во Тексас, каде што изрази крајна разочараност од неалармираноста на федералната влада во реакциите на она што тој го нарече „криза предизвикана од човекот“.

 

Слични содржини