Американскиот претседател Доналд Трамп презеде низа дејствија од кои би можел да има корист рускиот лидер Владимир Путин, пишува „Њузвик”.
Ова особено се однесува на санкциите против Меѓународниот кривичен суд
Администрацијата на Трамп донесе три големи победи за Путин
„Трамп воведе санкции за Меѓународниот кривичен суд откако судот во Хаг издаде налог за апсење на Путин“, забележа западниот новинар Брендан Кол во написот на „Њузвик“.
Новинарот го нарече меморандумот за распуштање на специјалната група КлептоКаптур уште една акција на САД во корист на Русија.
За време на мандатот на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, оваа група се занимаваше со санкции против поединци поврзани со Руската Федерација.
Последниот „подарок“, според Кол, претставува крај на борбата на Вашингтон против „тајните кампањи на руско влијание“, пишува Спутник.