НЛБ Банка АД Скопје склучи нов договор за субординиран заем во висина од 10 милиони евра со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана, која е нејзин доминантен акционер. Согласно објавената ценовно чувствителна информација на Македонската берза, инструментот се квалификува како дополнителен капитал (Tier II capital), пишува „Бизнис инфо“.
Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана поседува 86,97% од акциите на НЛБ Банка АД Скопје, што ја прави најголем поединечен акционер со значително влијание врз управувањето и стратешкото насочување на банката.