Втора година по ред, смартфони со брендот NOA дебитираат на големиот форум MWC во Барселона. Компанијата ги претстави новите дополнувања на серијата N: NOA N1, NOA N7 и NOA N10.
Амбицијата на компанијата е да стане лидер во Б-сегментот, обезбедувајќи уреди, слични по квалитет и можности со водечките брендови, но по прифатлива цена.
NOA N1 доаѓа со двојна 13 MP + 5 MP задна камера и 5МР селфи сензор со Face ID опција. Телефонот работи со 4-јадрен Media Tek MT6739, има 2GB RAM и 16GB проширена меморија. Екранот е 5.5 инчи со HD + резолуција од 720×1440 пиксели и сооднос 18: 9. Батеријата од 3000 mAh го управува уредот, а оперативниот систем е Android 8.0. Цената е 150 евра.
Особено внимание се посветува на NOA N7, кој е ѕвезда во изборот. Тој се одликува 2x 16 MP задна камера со Sony IMX 298 сензор кој овозможува да креирате слики до 80 MP. Селфи камерата е цели 16MP. Моделот работи со 8-јадрен MediaTek MT67505. 7-инчниот 18: 9 HD + дисплеј е инспириран од последните трендови, а 4GB RAM ќе ви ја даде потребната енергија. Батеријата е 3300 mAh а оперативниот систем е исто Android 8.0. Паметниот телефон ќе ве чини 250 евра.
NOA N10 се потпира на огромен 6,2-инчен дисплеј INCELL со резолуција од 2160×1080 пиксели. Се оликува со DTS аудио, 3600 mAh батерија, има 4GB RAM и 64GB меморија.
Тој ќе биде ваш за 300 евра.
Сите модели имаат 12-месечна „NOA Premium Care“ гаранција на NOA.