Ноам Чомски: Сноуден е херој на Вашингтон !

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Едвард Сноудън треба да се врати во САД и да биде пречекан како херој, а не да биде заплашуван од суд. За суд се оние кои тој  ги посочипред пошироката обштественос  , коментира познатиот политички активист и лингвист Ноам Чомски, цитиран од Democracy Now.

 Чомски е еден од првите американски интелектуалци, кој се противи на војната во Виетнам во својот есеј  “Одговорноста на интелектуалците”. И е категоричен дека масовното следење на комуникации од АНС не само што не помогна за успеси во борбата со тероризмот, туку дури го  продлабочија проблемот – особено преку употреба на дроновите  за напади врз терористички ќелии .Сноуден треба да биде поздравен како човек кој го исполнил граѓанскиот долг. Тој ги информираше  сите американски граѓани што прави владата против нив. Тоа би го сторил само човек кој е навистина патриот, а не популист. Затоа не треба само да му биде дозволено да се врати во САД, туку и да биде пречекан со почести. Владата треба да се соочи на суд,  а не тој, категоричен е Чомски.
Славниот аналитичар го  додава следново: “Се сеќаваш ли дека кога на виделина излегоа откритијата на Сноуден, инстант реакција на највисоко државно ниво беше дека програмите на АНС за прислушување запреле  54 терористички акции (бел. ред. – зборови на ген. Кит Александар, директор на АНС ).
Потоа, кога медиумите почнаа да притискаат, бројот падна на 12. И конечно остана само еден – човек кој пратил 8500 долари до Сомалија . Тоа е тоа придонесот во борбата со тероризмот на програмата за прислушување на АНС. Нејзината цел не е да се спречи тероризмот. Нејзината цел е да се контролираат  граѓаните. Треба да бидете многу внимателни со безбедносните служби – тие немаат причина да ви ја каже вистината .
Треба да си поставите прашањето “Која е вистината?”.
Според Чомски истото важи за програмата за ударите со дроновите по терористички цели. Ова е програма за убиства и терор во глобални размери. Тоа генерира тероризам и “на највисоко ниво” сме целосно свесни за тоа, убеден е философот.Напади со дронови се насочени кон луѓе кои се осомничени дека некој ден ќе се обидат да не удрат – можеби. Замислете сега истото да  го прави Иран на американска територија или во Израел – сигурно има многу такви луѓе. Ќе го прифатиме ли тоа  за легитимно? Зборуваме за тоа дека Американците имаат  право да убиваат луѓе кои  ги сметаме за идна закана за нас. Како гледа светот на тоа? Пред “Ал Каеда” и талибанците беа само во Авганистан, територии на Пакистан, а сега се насекаде – Западна Африка, Југоисточна Азија и тероризмот е во пораст. Не мислам дека САД го генерираат свесно, но едноставно не ни е гајле , завршува Чомски.